Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ, утревечер можеби ќе го игра својот последен натпревар во дресот на националниот тим, а навивачите со песна ќе се обидат го премислат и Лука да продолжи да игра за Ватрените барем до Европското првенство следното лето.
Во 10-тата минута од финалето на Лигата на нации против Шпанија, утревечер хрватските навивачи на Модриќ кој ја носи 10-ката на дресот, ќе му скандираат „Остани тука, тука е твојата мајка, остани тука, сонцето уште ќе сјае, остани тука, соништата чувај ги само за неа, остануа тука!“.
На трибините во Ротердам се очекува да има 25-30.000 хрватски навивачи.