Хрватските ватерполисти бегале додека тресел земјотресот, водата во базенот била како цунами

Селекторот на хрватската ватерполо репрезентација, Ивица Туцак, раскажа какво непријатно искуство им се случило на Баракудите додека тренирале во базен во Загреб за време на вчерашниот силен земјотрес кој ја погоди Хрватска. Хрватите се подготвуваат за настап на квалификацискиот турнир за Светската лига во унгарскиот Дебрецин, но ги прекинаа активностите и нема да тренираат до 2 јануари.

„Момците беа во водата, а и тие, како и сите ние кои бевме покрај базенот, не само што го почувствувавме земјотресот, туку беше страшно. Водата почна да се прелива преку рабовите на базенот, беше како да е цунами. И постојано се слушаше татнеж и чкрипење. Стравот беше голем, момците излегоа од базенот, но не само од водата, туку од зградата на базенот, онака голи по гаќи за капење“, раскажува Туцак.

Хрватите на 8 јануари треба да играат со Црна Гора во четвртфиналето на квалификациите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести