Хуан Мата си најде клуб, ќе игра во Сиднеј

Шпанскиот 36-годишен фудбалер Хуан Мата потпиша договор со австралискиот тим Вестерн Сиднеј вондерерс.

Откако во последните неколку сезони Мата го носеше дресот на Висел Кобе во Јапонија, сега се сели уште подалеку од дома.

Мата во својата кариера има освоено Лига на шампиони, Лига на Европа, Светско и Европско првенство, па сега, кога е при крај, одбира егзотични дестинации. Тимот од Сиднеј е единствениот австралиски кој ја освоил азиската Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести