Хулигани во Бразил нападнаа клупски автобус со камења, цигли и бомби, еден фудбалер заврши во болница (Видео)

Навивачите на бразилскиот прволигаш Спорт Ресифе по натпреварот против Форталеза, го демолираа автобусот на гостинските фудбалери, а еден играч заврши во болница. Тие во нападот користеле широк спектар на „оружје“, од камења, цигли, па се до рачно изработени бомби, пишува весникот „Глобо“.

 

Најтешко помина Гонзало Есковар, кој бил погоден со камен во главата и завршил во болница поради снимање со компјутерска томогафија.

 

Голманот на Форталеза заработил рисеченици на лицето, левиот бек бил удрен во главата, по што му била расечена усната, како и дел од лицето, а уште неколкумина играчи заработиле исечените од искршените стакла, откри претседателот на Форталеза.

 

„Дали ова ќе биде уште еден изолиран случај? Што ќе преземат властите? Што ќе преземе Федерацијата?“, напиша на социјалните мрежи, претседателот на Форталеза и побара итна реакција на полицијата, обвинителството и на фудбалската федерација на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести