Синоќа во Атина имаше големи навивачки нереди откако фанови на Ајакс со помош на симпатизери на Панатинаикос и на полската Краковија ги нападнаа поддржувачите на АЕК. Грчките навивачи синоќа делуваа неподготвено, но затоа вечерва решија да се реваншираат.
https://twitter.com/HooligansTV1/status/1067489160477450240
На стадионот во Атина и се очекуваше да има нереди. Навивачите на АЕК ги нападнаа оние кои беа на трибините во секторот за гостинските навивачи. Еден навивач влезе на атлетската патека и со факел фрли кон гостите. За среќа, засега нема други посериозни инциденти.
https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1067475525994782722
https://twitter.com/PassionFootClub/status/1067488715784769537