23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Хулиганите рушеа сѐ пред себе, а потоа 650 полицајци немаа милост за да ги смират (Видео)

Реванш-мечот од осминафиналето во Копа Судамерикана меѓу Индепедиенте де Авеланеда и Универзидад де Чиле не го дочека својот крај и тоа поради дивеење на навивачите на трибините.

Гостите од Чиле имаа предност од 1:0 по првиот меч кој го играа дома, а на реваншот, резултатот по првото полувреме беше 1:1. Само што започна второто полувреме, на трибините започнаа и нереди.

Гостинските навивачи започнаа да фрлаат со разни предмети кон домашната публика, но и да ги кршат столчињата на трибините, но и тоалетите и сè што ќе им се најдеше пред патот.

Според првичните проценки, дури десетмина навивачи се тешко повредени, а 90-мина се уапсени. Во акцијата за смирување на разулавената топла учествувале 650-мина полицајци и 150 лица од обезбедувањето.

- Оглас -

Најнови вести