Хулиганот кој ги нападна играчите на Бешикташ веќе нема да смее да стапне на стадион (Видео)

Бешикташ славеше на гости кај Анкарагучу со 3:2 во еден од највозбудливите мечеви во турското првенство оваа сезона, а дуелот на крајот имаше и „трето полувреме“. По завршување на мечот, се случи хаос откако еден домашен навивач влезе на теренот и го удри искусниот голгетер Џенк Тосун.

Веднаш реагираа останатите фудбалери кои го совладаа напаѓачот, а потоа се појавија и редарите за да го исфрлат хулиганот од теренот.

https://twitter.com/i/status/1566650823022608386

Хулиганот кој беше уапсен, за кратко време бил пуштен од притвор на слобода, но ќе мора редовно да се јавува на Судот, а одземен му е и пасошот, па нема да може да ја напушти Турција.

Според тоа што се очекува, агресивниот навивач најверојатно ќе добие и доживотна забрана за влез на стадионите во Турција.

„Среќа што направив чекор напред и напаѓачот мене ме удри затоа што во спротивно можеше да го удри Салих Учан директно во колкот и да му ја заврши кариерата“, рече Тосун за инцидентот.

 

- Оглас -

Најнови вести