Хулиганот што ги нападна играчите на Нотингам форест призна дека бил пијан, ќе оди четири месеци во затвор (Видео)

Камерун Тунер ќе мора да одлежи казна затвор во времетраење од четири месеци, одреди судот во Англија.

Хулиганот кој има само 19 години, а направи сериозен инцидент на куп-мечот меѓу Нотингам форест и Лестер доби и доживотна забрана за присуство на англиските стадиони.

Веднаш по мечот што се играше на шести февруари, а го добија домаќините со 4:1, Тунер, кој е навивач на Лестер влета на терен и почна тепачка со играчите на Нотингам форест.

На суд призна дека е виновен, а изјави дека ги нападнал играчите на домашниот тим под дејство на алкохол, односно дека испил неколку коктели пред мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести