Бразилскиот напаѓач Хулк (39) го постигна својот 500-ти гол во кариерата, а одиграл 972 меча.
Според податоците на неговиит клуб Атлетико Минеиро, Хулк сега има вкупно 500 гола, од кои 450 се на официјални натпревари.
„Многу сум благодарен за сè што ми се случи во животот. Бог знае низ што поминав за да бидам тука денес. Моите родители работеа напорно на пазарот. Почнав да патувам кога имав 12 години, а денес, на 39 години, ја достигнувам оваа историска граница“, рече Хулк.
Сепак постои одредена разлика во податоците за број на голови. Со вкрстување на податоците од IFFHS (Меѓународна федерација за фудбалска историја и статистика), RSSF (Фондација за статистика на фудбалот) и Федералниот универзитет во Парана, можно е да се каже дека Хулк е меѓу 20-те играчи во историјата на бразилскиот фудбал кои достигнале вкупно 500 голови во професионални натпреварувања или пријателски натпревари меѓу клубови и национални тимови.
Што се однесува до официјалните голови, само пет Бразилци се појавуваат на листата од 500 голови на RSSF: Ромарио (785 голови), Пеле (778 голови), Тулио Маравиља (585 голови), Зико (546 голови) и Роберто Динамите (519 голови). За Хулк да ја достигне таа бројка, му требаат уште 50 голови. Тој е еден од десетте најефикасни активни фудбалери на светот.

