27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Хулк ја „искина“ мрежата, голманот немаше време ниту да се помрдне (Видео)

Прославениот бразилски фудбалер Хулк уште еднаш го направи тоа по што е препознатлив. Постигна фантастичен гол од слободен удар, и тоа со многу силен шут.

Атлетико Минеиро загуби на гостувањето кај Палмеирас со 3:2, но голот што Хулк го постигна во 91-вата минута е посебно за паметење. Беше досуден слободен удар на околу 17 метри, а Хулк без размислување шутираше, и тоа директно во аголот од голот. Топката леташе како да беше исфрлена со ракета, па голманот немаше шанси да реагира.

- Оглас -

Најнови вести