Хулк погоди од 40 метри од слободен удар и тоа на годишнината кога е постигнат најубавиот погодок од прекин во историјата на фудбалот (Видео)

Атлетико Минеиро ноќеска минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Крузеиро, во меч од деветото коло на Бразилската Серија А, а стрелец на единствениот гол беше Хулк. Познатиот напаѓач успеа да погоди од слободен удар кој беше направен на 40-тина метри од противничкиот гол.

Хулк е познат по силниот шут, но овој беше навистина посебен. Беше направен фаул речиси на половина од игралиштето, а напаѓачот без многу размислување, реши да земе долг залет и да шутира.

Топовскиот удар помона покрај сите играчи, а голманот на домаќините беше немоќен, па топката заврши во мрежата. На крајот се покажа дека овој гол во 27 минута беше доволен за Атлетико Минеиро да победи.

Интересно е дека овој погодок на Хулк е постигнат точно на 26-годишнината од постигнувањето на веројатно најдобриот гол од слободен удар во историјата. Роберт Карлос тогаш со шут од преку 35 метри успеа да го совлада Фабијан Бартез во дуел меѓу Бразил и Франција.

- Оглас -

Најнови вести