Новата година пристигна, а петочниот предизвик останува ист, да се направи хуманитарен тикет кој треба да биде добитен за да може потоа средствата да бидат донирани таму каде што е најпотребно. Во последниот Хуманитарен тикет за 2025 година гостуваше Дедо Мраз, а само за еден меч тикетот не беше добитен за 50.000 денари.
Првиот Хуманитарен тикет во 2026 година ќе биде комбинација на натпревари кои ги одбраа новинарите од редакцијата на СпортМанија. Нашата тактика е да одиграме на „сигурно“ и на победи на фаворити.
Речиси 100 коефициент прават осумте меча кои ги одбравме, а ќе се играат вечерва, утре и задутре.
За многумина 2 јануари е посебен ден затоа што владее верување дека каков ден ќе ти биде денешниот, така ќе тера цела година. Ние искрено се надеваме дека денешниот Хуманитарен тикет ќе биде добитен, па во оваа 2026 година да доделиме многу добивки на оние на коишто им е најпотребна помошта.
Тимот на СпортМанија ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници, а ова е нашиот Хуманитарен тикет за овој викенд.


