Хуманитарен тикет „против малери“

Петок 13-ти, ден кој многумина сметаат дека е најмалерозниот. Но, дали навистина е така? Спортманија ќе се обиде тоа да го побие со хуманитарен тикет „против малери“.

Стравот од бројот 13 е толку распространет што дури постои и научен термин за оваа ирационална фобија – трискаидекафобија. За стравот од петок 13-ти, пак, постои посебно име – параскевидекатриафобија.

Многумина веруваат дека бројот 13 е несреќен уште од библиски времиња. На пример, се смета дека Јуда бил 13-тиот гостин на Тајната вечера, па дури и денес постои верување дека не е добро на маса да има 13 луѓе.

Сепак, бројот 13 бил сметан за несреќен уште пред времето на Исус. Во минатото се верувало дека бројот 12 е „целосен“ и симболизира совршенство, додека 13 ја нарушува таа рамнотежа. Веројатно затоа имаме 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часови на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 знаци во хороскопот…

Суеверијата поврзани со бројот 13 постојат и денес. Можете да најдете хотели без соба број 13, згради без 13-ти кат, а во некои авиокомпании дури нема ни седишта со овој број.

Голем дел од луѓето не сакаат да уплатат тикет, сметаат дека на петок 13-ти – не се добива.

Сепак, ние и при типовите, употребивме што е можно повеќе од цифрите 1 и 3, одигравме 1 & 3+…

- Оглас -

Најнови вести