Хуманитарната акција успеа, продолжува потрагата по Сала

Со помош на хуманитарната акција на социјалните мрежи наречена „GoFundMe“ собрани се доволни пари за да продолжи акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот спортски авион Пајпер Малибу, со кој аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала леташе од Нант за Кардиф, а кој исчезна од радарот на Ла Манш.

Кобниот лет беше во понеделник навечер, а по три дена беше прекината претрагата, откако во радиус од 1.700 квадратни метри немаше никаква трага од авионот, во кој беа Сала и пилотот Дејвид Ајботсон.

Сепак на иницијатива на семејството на Сала одговорија многу фудбалери, спортисти и обични луѓе кои донираа пари за да продолжи барањето на исчезнатиот авион.

Емилијано беше во Нант за да се прости од своите поранешни соиграчи, откако за 17 милиони евра потпиша за премиерлигашот Кардиф. Некаде над англискиот канал авионот се загуби од радарот во понеделник навечер и оттогаш му нема траг.

- Оглас -

Најнови вести