Хуманитарната мисија на Мане: Селото од каде што потекнува го претвори во град (фото)

Садио Мане важи за еден од најголемите хуманитарци во фудбалот, а неговата мисија да им помогне своите сограѓани во селото Бамбали, Сенегал, навистина е инспиративна.

Во селото во кое живеат околу 2.000 луѓе, благодарение на Мане се претвора во мал град. Со донации од 455.000 фунти, односно 250.000 фунти, изградени се болница и училиште кои ќе бидат достапни и за околните села.

Мане исто така се погрижи сите да имаат пристап до интернет, додека на секое семејство им исплаќа по 70 евра месечно. Неодамна во селото на Мане се отвори и првата бензинска пумпа, како и локална пошта.

Ѕвездата на Ливерпул, наскоро на Баерн Минхен, исто така се грижи за образованието, па неговата фондација додели стипендии од 400 фунти и компјутери за најдобрите ученици. Редовно се донира бесплатна спортска опрема за сите деца.

Додека останатите фудбалери уживаат во луксузот и трошат пари на брзи автомобили, скапа облека и аксесоари, мисијата на Мане сите во неговото село да бидат згрижени е навистина посебна.

- Оглас -

Најнови вести