Хуманитарниот ракометно-музички спектакл заврши со желба да се повтори на плоштад по Светското првенство!

Актуелната ракометна машка репрезентација на Македонија го победи тимот ставен од ветерани и легенди на хуманитарниот настан во полниот „Борис Трајковски“.

Ракометната федерација на Македонија им приреди незаборавно испраќање на ракометарите на СП во Полска и Шведска, а се забавуваше и публиката, која уживаше во атрактивни потези и хитовите на музичките ѕвезди.

Многу емоции имаше додека на цел глас се пееја македонската химна, кога се спомна и покојниот Андон Бошковски-Доне додека се пееја антологиските песните.

Ракометот победи, хуманоста победи, парите од билетите одат за СОС Детското село, а за десет дена е првиот меч на Македонија на СП, во Краков, против Норвешка. Сигурно е дека тимот на селекторот Кирил Лазаров во супер позитивно расположение оди во Полска, па нека биде така и кога ќе се вратат.

- Оглас -

Најнови вести