Минатото лето Блез Матуиди беше дел од фрнцуската репрезентација која на Светското првенство во Русија стигна до златниот трофеј. За искачувањето на планетарниот трон сите репрезентативци на „триколорите“ добија парична награда од 330.000 евра.
Матуиди реши својот дел од наградата, односно 330.000 евра да ги подари во хуманитарна цел, односно на организација за помош на децата.
„Заработуваме премногу пари и за нас тој износ не ни значи многу, но за некого тоа се многу пари. Најважно е дека се дадени од срце“, рече Матуиди.