Хуманоста не познава ривалства: Ристовски го отпоздрави прекрасниот гест на Чкембари, а салата е преполна со мечиња (ФОТО)

Имаше невкусни зборови, големи провокации, но кога станува збор за хуманоста, тука нема ривалство.

Во финишот на средбата пристигнаа и Комитите, по што се заостри атмосферата, но на крајот на првото полувреме, како што и беше најавено, салата „Боро Чурлевски“ беше преполнета со мечиња коишто ќе завршат во хуманитарни цели.

Едно од нив зеде и голманот на Вардар, Борко Ристовски, којшто ја отпоздрави оваа прекрасна акција на Чкембари, а потоа следуваше и громогласен аплауз.

Секоја чест.

- Оглас -

Најнови вести