Хумелс со ултиматум до раководството на Борусија: „Или Терзиќ или јас!“

Договорите на тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, и на столбот на одбраната, Матс Хумелс, завршуваат на 30 јуни. Раководството на клубот сака да ги задржи и двајцата, но искусниот дефанзивец поставил ултиматум. Хумелс не сака Терзиќ да остане тренер на Борусија поради неговата дефанзивна игра и најавил дека доколку Терзиќ остане, тој ќе си замине од „Вестфален“.

Сепак, токму дефанзивната тактика ја однесе Борусија Дортмунд до финалето на Лигата на шампионите откако Милионерите успеаја да одолеат на нападите на ПСЖ. Во финалето Борусија имаше пет одлични прилики за гол кои не ги искористи, а потоа Реал Мадрид казни со два гола во нивната мрежа.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1800272962970701927?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1800272962970701927%7Ctwgr%5E2d0a0c4920a12d60ce4f15b56e13b77cee750784%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tvarenasport.com%2Ffudbal%2Fvesti-iz-fudbala%2F28450%2Fmats-humels-ultimatum-uprava-borusija-dortmund-fudbal%2Fnews

- Оглас -

Најнови вести