Хунтелар на 35 години ја освои својата прва лигашка титула

Клас-Јан Хунтелар во својата долгогодишна кариера настапуваше за големи клубови како Реал Мадрид, Ајакс, Милан, ПСВ, Шалке, но дури сега, кога има 35 години, ја освои првата титула.

Фудбалерите на Ајакс ја прославија двојната круна во Холандија, на прославата во Амстердам, која мина во фантастична атмосфера, имаше над 100.000 навивачи.

Прославата беше посебно значајна за Хунтелар кој конечно успеа да се закити со лигашка титула. Тој цели 17 години игра професионално, ги носеше дресовите на ПСВ Ајндховен, Де Графшап, АГОВВ, Херенвен, Ајакс, Реал Мадрид, Милан, Шалке 04, но никогаш не успеа да освои титула во првенствата во коишто играше. Со Ајакс во три сезони беше втор, а и со Реал во Шпанија беше само втор. Со Милан и Шалке беше трет, исто и со Ајакс во една претходна сезона.

Но, на залезот на кариерата, малерот е разбиен, желбата му се исполни на овој напаѓач бидејќи со Ајакс стана првак на родната земја.

- Оглас -

Најнови вести