Хуркач го испоти Федерер, фаворитот сепак ќе игра полуфинале во Индијан Велс

Хуберт Хуркач го одигра турнирот на кариерата, стаса до четвртфиналето на реномираниот турнир од Мастерс серијата во Индијан Велс, но на патот му застана Роџер Федерер.

Швајцарецот на двапати со по 6:4 го доби мечот против 22-годишниот Полјак и ќе игра во полуфиналето на турнирот што го има прекарот петти гренд-слем.

Сега Федерер го чека исходот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Карен Качанов за да го дознае противникот во полуфиналето.

Ако Надал победи тоа би бил прв дуел на двајцата великани на светскиот тенис од 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести