Хрватскиот тенисер Борна Чориќ се пласира во полуфиналето на турнирот во Виена, откако во три сета го совлада Хуберт Хуркач со 6:4,6:7,7:6, но потегот на мечот му припадна на Полјакот.
Во вториот сет ко го освои Хуркач, при резултат 3:3 во гемови и 40:0 во поени Полјакот со шмекерски потег освои поен. Откако Чориќ го врати неговиот сервис, Хуркач го удри топчето со рекетот меѓу нозете, потег што често го изведуваше Рожер Федерер, и го изненади противникот.
https://twitter.com/i/status/1586049105910009861
Вториот сет му припадна на Хуркач, но во одлучувачкиот трет сет подобар беше Чориќ и обезбеди пласман во полуфиналето каде го чека подобриот од дуелот меѓу Шаповалов и Еванс.