Хувентуд на Ненад Димитријевиќ, добро ја намачи Барселона, но не успеа да и го нанесе првиот пораз сезонава. Фаворитот победи со 94:92, по продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 81-81.
Барса и Реал Мадрид се на делба на првото место во шпанскиот шампионат, со по 12 бода од шест кола.
Македонскиот плејмејкер во дресот на Хувентуд, за 16 минути игра, даде седум поени, а имаше и по два скока и асистенции. За Нено заврши серијата мечеви на кои даваше двоцифрен број на поени, но тимот од Бадалона може да биде задоволен од отпорот кој му го даде на евролигашот. По шест рунди, Хувентуд има скор 3-3.