Младиот македонски плејмејкер, Ненад Димитријевиќ, со 8 поени и две асистенции за 11 минути игра, придонесе во победата на Хувентуд против Барселона од 89-77. Евролигашот и покрај поразот, петти сезонава, остана на првото место во шпанската АЦБ лига, а Хувентуд со скор 16-14, моментно е седми, со реална шанса да влезе во плејофот.
Димитријевиќ немаше ниту една утка. Ги погоди своите единствени обиди за тројка и двојка, а прецизен беше и при изведувањето на трите слободни фрлања.