И 20-кратниот англиски првак се наметна во битката за потписот на Левандовски

На Роберт Левандовски сè помалку му е важно каде ќе ја продолжи кариерата, само да го напушти Баерн Минхен. По Барселона, Челзи и ПСЖ, како нов конкурент за неговиот потпис се истакна Манчестер јунајтед.

На „Олд трафорд“ се случува тотална реконструкција на тимот откако на клупата седна Ерик Тен Хаг, а полскиот бомбардер може да биде едно од првите засилувања на 20-кратниот англиски првак за ова лето.

Парите не се проблем, Јунајтед ќе плати колку што бараат Баварците, а воедно Ѓаволите се подготвени да му дадат плата од 500 илјади фунти неделно, па Левандовски да биде на исто скалило со Кристијано Роналдо.

Инаку, јасен е изборот на Левандовски, сака во Барселона, која пак засега нема средства да го ангажира.

- Оглас -

Најнови вести