Ајакс и Тотенхем одиграа реванш-меч за мерак на сите вљубеници во фудбалската игра, а по драматичните 90 минути, англискиот тим со резултат 3-2, односно вкупно 3-3 со повеќе голови на гости се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.
Домаќините тргнаа на реваншот со предност од 1-0 од Лондон, а пред стартот на второто полувреме вечерва со головите на Де Лихт и на Зијеш имаа огромна резерва од 3-0.
Но, потоа на сцена стапи Лукас Моура и со хет-трик го одведе Тотенхем во финалето, кое ќе биде англиско бидејќи вчера Ливерпул со невиден пресврт ја елиминира Барселона. Првите два гола на Моура може да ги видите ТУКА.
Тотенхем за првпат во историјата ќе игра за европската титула, а ова е голот кој ќе биде запишан во историјата.