И Александар Трајковски потпиша за клуб во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ја прифати понудата на Ал-Фаја од Саудиска Арабија. Напаѓачот се договорил да игра за годишна плата од 1,5 милиони евра.

Трајковски досега настапуваше за Алборг, но реши да си замине и во следните 18 месеци треба да игра во првенството на Саудиска Арабија, каде што од пред неколку месеци е и уште еден македонски репрезентативец, Езџан Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести