И Аргентинците попуштија, сега нема фудбал во цела Јужна Америка

Конечно и аргентинската фудбалска федерација, АФА, донесе одлука да ги запре сите активности и да ги прекине куповите бидејќи лигата веќе им е завршена. Аргентина беше последна земја во Јужна Америка во која се играа натпревари. АФА и Владата не останаа имуни на тоа што се случува во целиот свет, не сакаа да бидат „црни овци“ и попуштија пред притисокот од фудбалерите.

Коронавирусот прави проблеми и на јужноамериканскиот континент, а најавата дека и во Аргентина ситуацијата не е добра, беше кога пред некој ден Ривер плејт не сакаше да игра против Атлетико Тукуман. Последни мечеви кои се играа во Аргентина беа дуелите Ланус – Аргентинос јуниорс и Росарио – Колон од Купот на суперлигата, се разбира без публика. Од денеска фудбалот е суспендиран на неодредено време.

 

- Оглас -

Најнови вести