И Аврамовски се запиша во книгата на најтрофејниот клуб

Даниел Аврамовски го постигна првиот гол за Вардар, а со неговиот прецизен удар најтрофејниот македонски клуб води со 1:0 против Академија Пандев во дербито на 27. коло во нашата Прва Лига.

Поранешниот младински репрезентативец и член за златната генерација што играше за Македонија на младинското ЕП во Полска беше прецизен од далечина во 28. минута. За Даниел прв гол со кој се запиша во богата книга на најтрофејниот македонски клуб.

Интересно е што по првото полувреме ниту еден гостински тим нема предност, Вардар, Македонија Ѓ.П и Шкупи водат со 1:0 против Академија Пандев, Победа и Работнички, а нерешено е на тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова, 1:1 и во Струмица каде по 45 минути игра Беласица и Силекс играат без голови.

- Оглас -

Најнови вести