1323 Атлетик Билбао – Барселона (21:30ч)
Билбао пред околу две недели го загуби презакажаното куп-финале од ланската сезона против ривалот Сосиедад, а и за вечерашното финале се предвидува пораз на Баскијците. Барселона е фаворит и мора да ја искористи оваа шанса да го освои трофејот кој може да ѝ биде единствен успех на екипата која ја води Роналд Куман за оваа сезона.
Каталонците ќе се обидат да го заборават поразот од Реал во Ел Класико и имаат големи шанси да победат ако се знае дека Билбао е во серија од пет меча без триумф. Овие две екипи вторпат годинава ќе се надигруваат за трофеј, откако Билбао во јануари го освои шпанскиот Суперкуп, но Барселона ги доби двата лигашки дуели, па затоа му се дава предност на гигантот од „Камп ноу“.
Предлог тип: 2 & 0-4 (2.09)
1091 Челзи – Манчестер сити (18:30ч)
Дербито на „Вембли“ делува како финале пред финалето, во кое Сити ја има фаворитската улога иако Гвардиола нема да смета на повредениот напаѓач Агуеро. Челзи е ослабен со отсуството на Ковачиќ, но Тухел располага со неколку квалитетни играчи на неговата позиција, па затоа вниманието ќе го насочи кон тоа како да се спречат фуриозните напади на Граѓаните.
Во последниот дуел на овие две екипи кој се одигра во куп-рамки, Сити славеше на пенали во Лига Купот во 2019 година, додека во последната средба од рамки на ФА купот, Челзи триумфираше со убедливи 5-1 во 2016 година, но тоа беше пред Пеп да го преземе кормилото на Сити.
Годинава Граѓаните славеа во Лондон со сигурни 3-1 и му го најавија отказот на Лампард, односно доаѓањето на Тухел, кој успеа да ги сврти работите во своја корист. Се очекува тврда битка во која веројатно еден гол ќе го реши победникот.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.64)
1006 Вулверхемптон – Шефилд јунајтед (21:15ч)
Вулфс без шестмина првотимци ќе го дочека фенерџијата кој полека се подготвува за враќање во Чемпионшип. Со гостинскиот триумф кај Фулам, Вулверхемптон прекина лоша серија од пет меча без победа, додека Сечилата се во криза од пет последователни порази, па затоа не им се даваат шанси за изненадување.
Со по еден триумф на двете екипи и реми во првата премиерлигашка средба, ќе се одредува конечнио победник во меѓусебните дуели пред Шефилд да оди ранг подолу во англиските натпреварувања.
Предлог тип: 1 & T12+ (2.25)
1703 Марсеј – Лориен (17ч)
Марсеј ќе им направи проблеми на гостите кои се борат за опстанок, со оглед на тоа дека тимот на Сампаоли е во серија од четири победи и реми на домашен терен. Лориен има втор најслаб гостински учинок во Лига 1, со само еден триумф во 16 меча и девет порази надвор од дома.
Марсеј воедно брка двоен овосезонски триумф против Лориен, односно четврта последователна победа во меѓусебните дуели. Домаќините уште се надеваат дека ќе стигнат до едно од местата за пласман во Лигата на Европа, од кое заостануват три бода зад Ленс.
Предлог тип: 1 (2.16)
1807 Баер Леверкузен – Келн (18:30ч)
Иако Леверкузен математички има шанси да се пласира во Лигата на шампионите, пореално е да мисли Лигата на Европа ако се знае дека разликата меѓу Фармацевтите и Дортмунд е само два бода на петтото и шестото место на табелата во Бундеслигата.
Леверкузен ќе ја искористи кризата на Јарците кои не знаат за лигашки триумф веќе осум меча, во кои претрпеа шест порази. Леверкузен од 2011 година нема загубено од Келн на домашен терен, додека учинокот во последните пет меѓусебни дуели е 3-2 во корист на домаќините, па затоа и вечерва се очекува нивна победа.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.24)