28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

И без Англичаните има топ мечеви за обложување

1704 Олимпик Марсеј – Лил (21 ч.)

Овој дуел е дерби на 7 коло во Франција. Олимпик одлично започна и е со пет победи и само едно реми, имајќи ја најдобрата одбрана со само три примени гола. Лил игра многу поотворено, па затоа и гол разликата им е 13 дадени и 13 примени погодоци.

Кога играат овие два тима, на последните осум средби секогаш на крајот резултатот бил со два или три погодоци. Во овие осум дуели, Лил има четири победи, Марсеј е со два триумфи, а два меча завршиле 1:1.

Предлог тип: 2-3 гола (2.05)

 

3003 Сампдорија – Милан (20:45 ч.)

Сампдорија уште нема победа, а Милан нема пораз во Серија А. На последните шест меѓусебни дуели, Росонерите имаат четири победи, а две средби завршиле нерешено. Дури четири пати во овој период, дуелите биле со не повеќе од два погодоци.

Гостите се фаворити, но фактот дека Милан има згуснат распоред, Росонерите сигурно се поуморни од домашните фудбалери, па може да биде потешко да се стигне до посакуваните три бода.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.40)

 

1807 Шалке – Бохум (18:30 ч.)

Ова се два тима на кои главна цел ќе им биде да не испаднат од Бундеслигата. Шалке има само три бод благодарение на трите нерешени средби, додека Бохум е единствениот тим без ниту еден бод, односно има пет порази во пет кола.

Шалке минатата година играше во втората лига, додека Бохум лани немаше проблеми околу опстанокот, како што тоа го има на стартот на оваа сезона. Ова е шанса за двете екипи да стигнат до првата победа и може да се очекува дуел со отворен гард на двата тима.

Предлог тип: ГГ3+ (1.97)

 

1310 Атлетико Мадрид – Селта Виго (21 ч.)

Без разлика кој е ривалот, кога се игра на „Ванда Метрополитано“ екипата на Атлетико Мадрид атакува на трите бода. Ако се знае дека Јорганџиите го загубија првиот дуел пред домашната публика, ова ќе биде мотив плус да се корегираат.

Атлетико има девет победи во последните 13 меѓусебни дуели, додека Селта Виго во овој период само еднаш се радувала.

Предлог тип: 1-1 (2.75)

 

1658 Сераинг – Бриж (18:15 ч.)

Бриж е голем фаворит на гостувањето кај тимот кој минатата сезона едвај се спаси од испаѓање. Во двата меча кои претходно ги одиграле Бриж победивал, а на крајот имало по пет погодоци.

Се друго освен победа на Бриж ќе биде изненадување, па ова треба да биде меч со три лесно освоени бода за гостите.

Предлог тип: 2&3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести