Потег на денот – Абрахам со луди дриблинзи ги прошета по терен Еванс и Џастин, завршниот пас му е легендарен (Видео)

Рома има одличен резултат 1:1 по првиот полуфинален дуел против Лестер и во реваншот за една седмица ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен за пласман во финалето во Конференциската лига.

Гостите од Рим ги постигнаа двата гола, Пелегрини во мрежата на Лестер во 15-тата минута и Манчини во својата мрежа со автогол во 67-мата минута, а блескаше Тами Абрахам.

Шпицот на Рома во финишот на мечот имаше извонредни потези и со дриблинзи ги излуде одбранбените играчи на Лестер, Еванс и Џастин, а завршниот пас до Оливеира му беше фантастичен со петица.

Оливеира не успеа да ги награди супер атрактивните потези на Абрахам и ја погоди рамката од голот што за Лестер го бранеше Шмајхел, па резултатот остана 1:1.

На првиот меч од второто полуфинале во Конференциската лига, Феенорд во Ротердам го победи Марсеј со 3:2.

Реваншите ќе се играат во Рим и во Марсеј на петти мај, а во првото финале во премиерното натпреварување на УЕФА на 25 мај во Тирана ќе играат вкупните победници од двата двомечи.

 

- Оглас -

Најнови вести