И без гренслем-титула е икона на светскиот тенис, сега одлучи да ја заврши кариерата (Фото)

Францускиот тениски ас Жо-Вилфред Цонга најави дека ќе ја заврши тениската кариера по настапот на Ролан Гарос во Париз.

Гренслемот во главниот француски град ќе се игра од 22 мај до 5 јуни и ќе биде негов 15-ти настап на Ролан Гарос.

„Ќе ја завршам кариерата по настапот на Ролан Гарос. Ми требаше долго време да пресечам, но веќе подолг период постојано се прашував зошто толку се мачам. Остана уште последниот напор за мене, да одиграм добар турнир на Ролан Гарос“, изјави Цонга.

Иако нема гренслем-титула, човекот што за 10 дена ќе наполни 37 години е вистинска тениска икона.

Беше тврд орев за сите противници во веројатно и најсилната тениска ера во која доминираа Федерер, Надал и Ѓоковиќ, а играше и едно гренслем-финале, во 2008 година на Отвореното првенство на Австралија, но загуби од Новак Ѓоковиќ со 1:3.

Цонга има вкупно 18 АТП титули и беше петторангиран тенисер на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести