И без Нејмар ПСЖ ги скроти Лавовите

ПСЖ со убедливи 4-2 го доби дербито против Лион во мечот кој се одигра во рамките од 24-тото коло во Лига 1. Предводени од одличниот Килијан Мбапе, Светците остварија удобни 2-0 до 38-мата минута токму преку младата француска ѕвезда и Ди Марија.

Маркал донесе дополнителни маки за гостите со автоголот непосредно по стартот на второто полувреме, но Лион за момент ги врати надежите и намали на 3-2 со головите на Терие и Дембеле во 52-рата, односно 59-тата минута. Сепак, за да нема дилеми, во листата на стрелците по подолго време се запиша Единсон Кавани. Најдобриот голгетер во историјата на парискиот гигант погоди за недостижни 4-2 на десетина минути пред крајот од мечот.

ПСЖ сега има 22 бода предност во однос на второпласираниот Марсеј и сигурно стои на врвот на табелата со 61 бод, додека Лион е на деветтото место со 33 бода.

- Оглас -

Најнови вести