И Босанците како Македонија – Бараат одложување на полуфиналето во Лигата на нациите

И раководството на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина бара да се одложи полуфиналниот бараж-меч против Северна Ирска што треба да се игра на 26 март во Зеница поради истите проблеми што ги има и Македонија пред мечот со Косово во Скопје во истиот термин.

„Се надеваме дека УЕФА ќе има слух за проблемите, кои се објективни. Поради Коронавирусот, дел од репрезентативците не можат да пристигнат од Италија во Зеница, па не е фер да играме без нив во вака важен меч. Италија е во Црвена зона поради Ковид -19, што е проблем на кој ние не можеме да влијаеме. Не е време за играње фудбал, особено не за ваков важен меч што може да ја крои судбината за настап на Европско првенство“, соопштија од НСБиХ.

Босанците почнаа да продаваат билети, па ја прекинаа продажбата, бидејќи ќе нема публика дури и ако се игра мечот на 26 март на Билино Поље.

И Македонија има исти проблеми, а ако се игра против Косово на 26 март, веројатно ќе мораме да настапиме без италијанското трио Пандев-Елмас-Несторовски, што би бил огромен хендикеп и пред празни трибини на националната арена „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести