И братот на легендарниот Диего Армандо Марадона почина од срцев напад

По малку повеќе од една година откако Диего Армандо Марадона го напушти овој свет, дојде информацијата дека и неговиот брат, Хуго Марадона, исто така починал од срцев напад.

Хуго, кој имаше 52 години, живееше во Наполи, а починал во претпладневните часови денеска.

Заедно со Диего, и тој беше регрутиран од Наполи своевремено бидејќи важеше за квалитетен играч, но не успеа да добие шанса во првиот тим.

Пред неколку месеци тој се кандидира да биде советник на локалните избори во Неапол, но не успеа да влезе во составот.

Тој играше на средината на теренот, а има настапувано за Аргентинос јуниорс, Рајо Валјекано, Рапид Виена, а последен клуб во неговата кариера беше Торонто Италија.

- Оглас -

Најнови вести