И Брус Ли да му позавиди на фудбалер кој со „маја гери“ удри судија (Видео)

По завршувањето на натпреварот помеѓу Нефтчи и Турон од борбата за влез во Суперлигата на Узбекистан, се случи голем инцидент на теренот, масовна тепачка во која настрада и судијата.

Искрата ја потпали фудбалер на Нефтчи, кој го удри судијата со карате удар каков што може да се види во филмовите со Брус Ли или Џеки Чен. Фанови на Нефтчи заедно со тимот го бркаа судијата, а еден од играчите покажа завидна карате-техника, по што судијата се најде на земја.

Играчите на Турон како гости победија со 1-0 во меч кој изгледа „не смееја“ да го добијат.

Ова беше меч од последното коло во кој на Нефтчи му беше доволен и нерешен резултат за влез во Суперлигата. Гостите дадоа гол во 78-мата минута и победија со 1-0, па затоа се случи и стампедото после мечот. Судијата кој беше удрен, сепак брзо стана и со спринт побегна во соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести