Ламине Јамал со игрите кои ги прикажа оваа сезона важи за еден од фаворитите за освојување на Златната топка, а најголема конкуренција ќе му биде поранешниот фудбалер на Каталонците, а сегашен член на ПСЖ, Усама Дембеле.
Токму ова беше и тема на разговорот на 17-годишниот фудбалер на Барселона во телевизиска емисија, но водителот имаше и едно „специјално“ прашање за Јамал, кое гласеше дали некогаш би прифатил да игра за Реал Мадрид.
Следуваше одговор кој сигурно ги воодушеви навивачите на Каталонците: „Не, тоа не е можно“.