И Даблин отпадна за ЕП – Севилја ќе биде домаќин на местото на Билбао

УЕФА го исфрли и Даблин од мапата со 12 градови домаќини на Европското првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули, а на местото на ирскиот град мечевите ќе се играат во Санкт Петербург.

Рускиот град понуди најголем капацитет од дури 50 посто пополнетост на трибините за натпреварите на ЕП, па сега доби можност да организира плус 4 натпревари, или вкупно 8.

На „Крестовски стадионот“ ќе се играат натпреварите од Б групата, каде што се Русија, Белгија, Данска и Финска, плус едно четвртфинале, а сега ќе има уште четири натпревари. Три од Е групата во првата фаза, каде што играат Шпанија, Полска, Словачка и Шведска и уште еден натпревар од првата нокаут-фаза.

УЕФА претходно донесе одлука да го елиминира и Билбао поради истата причини што го исфрли и Даблин од игра. Градските власти на Билбао и на Даблин не можеа да дадат гаранции за присуство на публика на трибините, па сега наместо во Баскија, шпанската репрезентација ќе игра во Севилја.

На стадионот„Ла Картуха“ во Севилја ќе се игра и натпревар од осминафиналето на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести