Ѝ даде гол на Барселона за победа, па сега ќе добие нов договор од Интер

Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу беше најзаслужен за победата на Интер од 1:0 над Барселона во рамките на третото коло во Лигата на шампионите, а сега се очекува од управата да биде награден за добрите игри.

Челниците на Нераѕурите се задоволни од игрите на 28-годишниот фудбалер и одлучија да му понудат нов договор.

 

Италијанските медиуми пишуваат дека преговорите за нов договор ќе се водат за време на Светското првенство во Катар, кога Чалханоглу ќе биде слободен бидејќи Турција не обезбеди пласман на Мундијалот.

Актуелниот договор на Чалханоглу истекува во летото 2024 година, но од Интер се убедени дека во иднина би можеле да градат тим околу него. Турчинот има плата од 5 милиони евра, но со новиот договор таа треба да биде поголема.

Во летниот преоден рок, неколку премиерлигаши, Нотингем форест, Евертон и Њукасл се обидоа да го ангажираат, но Чалханоглу воопшти не ги ни разгледа овие понуди.

- Оглас -

Најнови вести