И дамите во Белорусија немаат страв од вирусот – Го почнаа првенството со седумка

Бечорусите се единствените во Европа што го играат машкиот фудбалски шампионат во услови кога владее пандемијата со Коронавирус, а од денеска им се приклучија и дамите.

Во премиерниот меч фудбалерките на Динамо Минск ја декласираа селекцијата на Белорусија за играчи до 19 години со 7:0 и најавија поход на титулата.

Гостинките беа многу подобри и веќе по првото полувреме со пет гола во домашната мрежа ги разрешија сите дилеми во стартниот меч од новото првенство.

Во Првата лига во женска конкуренција се натпреваруваат осум екипи, а апсолутни владетелки се фудбалерките на ФЦ Минск, кои ја бранат титулата и имаат 7 пехари по ред.

Тие ќе стартуваат утре, со меч против Дњепар Могилев, а се шампионки на државата непрекинато од 2013 година. Најтрофеен клуб е Бабрујчанка со 12 титули во досегашаните 29 првенства на Белорусија во женска конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести