И дебакл и срам за Лестер – Бесна лисица од трибините ги нападна Шумарите и им го расипа славјето (Видео)

Срамен инцидент имаше веднаш по завршувањето на Куп мечот во Англија меѓу Нотингем форест и Лестер, што го доби двојниот европски првак со 4:1.

Лестер беше декласиран, иако беше голем фаворит, а веднаш по завршувањето на мечот еден од нивните навивачи се симна на терен од трибините и со боксови ги нападна домашните играчи.

Симпатизерот на популарните Лисици очигледно не можеше да го истрпи дебаклот на своите миленици и со срамен напад удри по популарните Шумари од Нотингем, кои беа домаќини и славеа убедливо со 4:1.

Во следното коло во ФА купот, односно во осминафиналето Нотнигем форест ќе игра со Хадерсфилд, екипа која е во ист ранг како нив и игра во Чемпионшип Лигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести