Играчите на Спортска прогноза покажаа дека многу подобро им „лежи“ клупскиот од репрезентативниот фудбал. Во минатото коло за влакно избега да биде доделен мобилниот телефон Samsung Galaxy A6 2018, кој се доделува за 12 погодоци. Максимални 13 погодоци, односно „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон iPhone XS.
Во новото коло нудиме нови 13 мечеви од повеќе првенства низ Европа, а има неколку дерби-дуели. Милан го пречекува Лацио во битка за позиција која води во Лигата на шампионите преку Серија А. Градско дерби има во Шпанија, меѓу Бетис и Севилја, а најатрактивен може да биде дуелот меѓу Ливерпул и Челзи на „Енфилд роуд“.
Дерби ќе има и кај нас. Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија. Тетовскиот тим е убедлив лидер на табелата, но секогаш овие имаат посебно значење.