И Дортмунд го сака најдоброто од Германија

Борусија Дортмунд ќе ја користи трансфер политика на Баерн Минхен за да доведе екстра – засилување. Низ годините „баварците“ успевале да ги придобијат најдобрите германски фудбалери, но откако сезонава го загубија приматот од „милионерите“, сега токму Дортмунд ќе се обиде по нивен рецепт да го засили составот.

Примарна цел на Дортмунд е Тимо Вернер, голгетерот на Лајпциг, кој веќе долго време се наоѓа на листата на желби на „баварците“. Вернер е и трансфер мета на уште неколку европски гиганти, а Дортмунд подготвува богатство за да го натера Германецот да остане во Бундеслигата.

Вернер е проценет на 65 милиони евра, но од Дортмунд се очекува да испрати помала сума, додека во понудата да го стави Максимилијан Филип со цел да ја намали цената. Како што пренесуваат германските медиуми, преговорите се во тек, па се чека дали истите ќе вродат со плод.

Борусија Дортмунд под водство на Лусиен Фавр игра речиси безпрекорно сезонава. Убедливо се лидери во Бундеслигата, а доколку успеат да го доведат еден од најдобрите голгетери во шампионат, без сомнежи ќе бидат многу посилни.

- Оглас -

Најнови вести