Челзи и Арсенал одиграа 2-2 во лондонското дерби на Премиер лигата. Сините имаа водство од 2-0, едниот од головите го даде Кол Палмер од пенал, со што овој фудбалер стана третиот најмлад во историјата на лигата кој на два меча по ред реализира од белата точка.
Гол даде и Михајло Мудрик на кого конечно му тргна во дресот на Челзи, а погоди и за репрезентацијата на Украина пред неколку дена.
Топчиите со голови во 77-ма и 84-та минута се спасуваа од пораз, и останаа непоразени после девет кола.