И единствениот тим што немаше пораз во НБА, конечно загуби

Девин Букер даде 40 поени, а Рики Рубио заврши со 21 поен и 10 асистенции во победата од 114:109 на Феникс санс против Филаделфија, кој беше единствениот тим досега без пораз во НБА-лигата.

Феникс сега има 5 победи и два порази и за првпат по повеќе од четири години е со три победи над 50 отсто успех во Лигата. За Сонцата ова е најдобриот старт во последните шест сезони. Филаделфија на овој меч беше без суспендираниот Џоел Ембид и гостите беа немоќни да се спротивстават на расположените играчи на Феникс.

Голден стејт стигна до првата победа на домашен терен, и тоа благодарение на дебитантот Ерик Паскал. Во отсуство на неколку ѕвезди на Воините, Паскал ја презеде одговорноста и на крајот заврши со 36 поени и 13 скока во триумфот од 127:118 против Портланд.

Џејмс Харден беше незадржлив и даде 44 поени во победата на Хјустон од 107:100 на гостувањето кај Мемфис. Во останатите мечеви кои утрово се играа: Вашингтон го победи Детроит со 115:99, Бруклин славеше над Њу Орлеанс со 135:125, а Милвоки беше убедлив на гости кај Минесота со 134:106.

- Оглас -

Најнови вести