И ЕХФ знае кој е најмоќниот левучар во историјата на ЛШ! (фото)

ЕХФ се огласи по повод пензијата на Кирил Лазаров по 25 години успешна играчка кариера, па на македонскиот бомбардер му честиташе преку социјалните мрежи.

„Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето. Чист талент во кој имавме чест да уживаме цели 25 години. Се пензионира на 42 години, великиот Кирил Лазаров. Ќе ни недостасуваш, легендо“, стои во објавата на ЕХФ.

https://twitter.com/ehfcl/status/1534460223728930816

Лазаров играчката кариера ја завршува со над 1.300 погодоци во најелитното ракометно клупско натпреварување во Европа, што го прави недостижен рекордер. Зад себе има една титула во ЛШ, а двапати беше вицешампион со Сиудад Реал и Нант.

- Оглас -

Најнови вести