За жал, на ниту еден премиерлигашки стадион повеќе нема да има навивачи откако градот Ливерпул поради зголемениот број на заразени со ковид-19, е преместен во ниво 3 на опасност, што значи дека стапува на сила забраната за јавни собири.
Тоа значи дека англискиот првак Ливерпул, како и градскиот ривал Евертон, ќе мора да ги затворат стадионите „Енфилд“ и „Гудисон парк“ на неопределен период.
Во Премиер лигата пред повеќе од еден месец навивачите почнаа постепено да се враќаат на трибините во ограничен број, меѓутоа дел од клубовите за кратко време почнаа да ги затвораат стадионите поради ширењето на корона-вирусот во нивните региони.
Ливерпул и уште неколку градови беа во нивоата кои не беа опасни за ширење на корона-вирусот, но сега и тоа се смени, што значи дека целото англиско првенство ќе продолжи со натпреварување пред празни трибини.