32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

И Французите не го сакаат и бараат да биде суспендиран – Контроверзниот Клемон Турпан ќе го суди мечот Италија – Македонија (Видео)

Францускиот арбитер Клемон Турпан ќе го суди мечот меѓу Италија и Македонија, вечерва од 20.45 часот на „Ренцо Барбера“, што одлучува која репрезентација ќе го игра финалниот бараж за настап на Мундијалот во Катар.

Турпан според рангирањето на Француската фудбалска федерација им е најдобар судија во земјата, но има интересен случај токму овој месец.

На дуелот меѓу Монпелје и Ница што се играше на 12 март, односно пред неполни две недели, Турпан го исклучи Бразилецот Данте и досуди и пенал за домаќините.

Играчите на Ница протестираа и бараа Турпан да го провери спорниот момент од 35-тата минута, но тој одби и го исклучли Данте.

Савание го промаши пеналот со лош обид за Паненка, а Турпан по мечот беше критикуван и се бараше суспензија за него.

Судиската комисија потврди дека Турпан направи грешка, но судијата остана неказнет.

Сега, само 12 дена подоцна ќе им суди на Италија и на Македонија, вечерва во Палермо од 20.45 часот.

Турпан има 39 години, судеше на Мундијалот во Русија во 2018 година, а беше главен арбитер и на финалето во Лигата на Европа меѓу Вилјареал и Манчестер јунајтед лани во мај, што го добија Шпанците со 11:10 на пенали.

- Оглас -

Најнови вести