И фудбалерите учествувале во измамата на Јувентус – Кјелини бил лидер, ќе настрадаат Роналдо, Дибала, Бонучи, Буфон…

Италијанскиот новинар Паоло Ѕилијани дополнително ја вжешти ситуацијата на Чизмата со аферата „Јувентус“ и објави документи со сериозни обвинувања за 23-ца фудбалери што играат или играле за Старата дама, а учествувале во измамата, поради која на клубот му се одземени 15 бода.

Ѕилијани тврди дека 23-цата се согласиле да примат лажно пониски плати, што е сериозен прекршок и за кој следи суспензија.

Меѓу нив се Кристијано Роналдо, Паоло Дибала, Џиџи Буфон, кои веќе не играат за Јувентус, но ќе бидат суспендирани ако се докаже тврдењето на Ѕилијани.

Под истрага е и Кјелини, кој бил врската меѓу раководството и играчите и им ја објаснувал измамата со инструкции дека не смеат да дoзнаат новинарите.

Тука се и Бонучи, Рабио, Игуаин, Пјаниќ, тогашниот тренер Сари…

 

- Оглас -

Најнови вести